Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, по шокантниот пораз од Виљареал со 3-5, најави дека на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на Каталонците. Светските медиуми веќе шпекулираат со можните наследници на Чави, но и тренерот веќе е во потрага по нов ангажман.
Неговиот менаџерски тим веќе е во преговори со Интер Мајами, со што се отвора можност да му се исполни желбата и првпат во кариерата да го тренира најголемиот во историјата, Лионел Меси. Мајами полека но сигурно се претвора во „ветена земја“ за Каталонците бидејќи во моментов за Интер, освен Меси, настапуваат и Серхио Бускетс, Луис Суарес и Жорди Алба.