Чавките им го испија мозокот на Црвените ѓаволи (Видео)

Мети Лонгстаф е јунакот на Њукасл откако со убав погодок во 72-рата минута му донесе победа на тимот од северниот дел на Англија против Манчестер јунајтед. Лонгстаф денеска првпат заигра на премиерлигашки меч и даде гол. Со возраст од 19 години и 199 дена, Лонгстаф е најмладиот стрелец-дебитант во историјата на Њукасл.

Јунајтед не победил надвор од „Олд Трафорд“ од март наваму и сега има само два бода повеќе од зоната за испаѓање. Трофејниот клуб на 28 премиеригашки меча со Оле Гунар Солскјер на клупата има два бода помалку отколку во 28-те кола со Жозе Мурињо кога ги водеше пред да го избркаат.

Стив Брус го победи Солскјер со 4-0 во претходниот тренерски меѓусебен дуел пред пет години, кога Брус го водеше Кардиф, а Норвежанецот го водеше Хал. Искусниот Брус денеска го имаше својот 400-ти меч во Премиер лигата како тренер (рекордер е Арсен Венгер со 828, а пред Брус се и: Алекс Фергусон, Хари Реднап, Дејвис Мојс, Сем Алардајс и Марк Хјуз).

Енди Керол никогаш не дал гол на 15 соочувања со Црвените ѓаволи, но дебитантот Лонгстаф беше човекот кој го совлада Давид де Хеа. Следниот меч за Манчестер е гостување кај Ливерпул, па на Солскјер црно му се пишува.

Погледнете го погодокот на Лонгстаф:

https://twitter.com/i/status/1180891278336118784

- Оглас -

Најнови вести