Чедомир Јаневски најверојатно ќе ја продолжи тренерската кариера на Кипар откако тамошните медиуми објавија дека е топ-кандидат за нов стратег на Олимпијакос од Никозија.
По поразот од Етникос Ахна во неделата со 1:2, Олимпијакос го отпушти тренерот Леонидас Воколос и најави дека ќе го ангажира Јаневски.
Тимот од Никозија има пет порази по ред, а не победил на девет меча по ред во кипарското првенство, или од ноември лани.
Јаневски има искуство со работа на Кипар, а последниот ангажман му беше во Енозис. Ги има предводено како тренер и Емозис и уште еднаш претходно Етникос Ахна, а беше тренер и на Бриж, Црвена ѕвезда, Вардар, Монс, Мускрон, Васланд Беверен, Исмаили и селектор на Македонија.