Чеде Јаневски веќе не е тренер на АЕЛ Лимасол

Македонскиот фудбалски стручњак Чедомир Јаневски, веќе не е тренер на кипарски АЕЛ од Лимасол, нешто што се најавуваше извесно време.

Од АЕЛ му се заблагодарија на Јаневски за работата и придонесот во нивниот клуб, му посакаа среќа на професионален и приватен план, а и Македонецот преку социјалните мрежи му посака успех на АЕЛ.

Договорите на Јаневски и неговиот помошник Бојан Марковски беа до 31-ви мај, па ќе треба да им бидат исплатени платите за април и мај.

- Оглас -

Најнови вести