9.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Чедомир Јаневски ќе има нова тренерската авантура на Кипар

Mакедонскиот фудбалски стратег Чедомир Јаневски повторно се враќа на Кипар. Тој го презеде тимот на Неа Саламис и по одредена пауза пак ќе биде дел од кипарскиот шампионат.

Јаневски претходно работеше во неколку клубови на Кипар, Етникос Ахна, АЕЛ Лимасол, Олимпијакос Никозија, а сега ќе го предводи составот на Неа Саламис.

Поранешниот македонски селектор во кариерата беше дел и од Клуб Бриж, Ал Шабаб, Црвена ѕвезда, Монс, а го предводеше и најтрофејниот македонски клуб Вардар во периодот кога настапуваше во групната фаза од Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести