Чеферин има идеја: Европскиот и јужноамериканскиот првак да играат Суперкуп

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, во интервју за британскиот медиум „Тајмс“ даде интересен предлог мој може да се реализира во блиска иднина. Чеферин сака УЕФА и КОНМЕБОЛ да организираат натпревар меѓу шампионот на Европа и Јужна Америка, поточно Суперкуп.

„Од таа идеја сите би имале корист, би гледале прекрасни натпревари меѓу два континентални прваци. УЕФА и КОНМЕБОЛ како две пријателски конфедерации би биле организатори на тој настан, не ни треба дозвола од ФИФА. Ние сме независни конфедерации и не сме членови на таа организација, туку партнери“, истакна Чеферин.

Словенецот потоа додаде дека би можело да има измени и во Лигата на шампионите, кога се однесува за учесниците. Тој сака полуфиналистите од најелитното европско клупско натпреварување да добијат директно учество во групната фаза во новата сезона.

Не треба да се заборави дека УЕФА под водство на Чеферин воведе ново континентално натпреварување, Лигата на нациите, од кое што и најслабите репрезентации имаат корист, а летово го добивме и првиот освојувач на тој турнир, европскиот првак Португалија.

- Оглас -

Најнови вести