Вест хем неочекувано лесно го победи Вулверхемптон со 4:0 во последниот денешен меч од третото коло во Премиер лигата.
Иако според коефициентите, гостите беа фаворити за победа, доживеаја тежок пораз во Лондон и ја прекинаа серијата од четири триумфи по ред против Вест хем.
Домаќините најавија добар меч со голот на Боувен во 17-тата минута, а истиот играч ги казни бледите гости со нов гол во 57-мата минута.
Вулверхемптон речиси и да не направи изгледна шанса за погодок, а прими уште два. Следниот во мрежата на Руи Патрисио се случи во 66-тата минута, кога Чехот Соучек со удар со глава погоди за 3:0.
Во самиот финиш на мечот и Халер беше прецизен за убедлив триумф на домашниот тим.
Вест хем ја забележа првата победа во Премиер лигата, а сега има ист учинок од еден триумф и два порази, како и денешниот ривал.