37.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Челична статуа од Меси на 20 километри од Мадрид

Лионел Меси ќе добие своја статуа во Градот на Фудбалот, односно предградието Лас Росас, кое се наоѓа во близина на шпанската престолнина. Статуа во природна големина изработена од челик со ликот на Аргентинецот ќе стои покрај останатите изработки на великаните како Алфредо ди Стефано, Марадона, Пеле.

Оваа одлука ја донесе Шпанската фудбалска федерација, во обид да го овековечи виртуозот на Барселона поради сите негови успеси кои ги оствари во кариерата. Меси неодамна ја освои и рекордната шеста Златна топка, признание кое дефинитивно нема да му биде последно со оглед на тоа во каква форма е капитенот на шпанскиот првак.

Федерацијата единствено е во дилема дали да почека Меси да стави крај на професионалната кариера, па потоа да ја постават планираната статуа или пак да го сторат тоа додека е во зенитот на кариерата.

Како и да е, само на 20 километри од Мадрид ќе стои статуа на најдобриот играч во историјата на Барселона, а можеби и воопшто во фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести