Челси се согласи да плати 110 милиони фунти за Каиседо

Фудбалерот на Брајтон, Моисес Каиседо е на чекор до преселба во Челси, со што Ливерпул ќе остане со празни раце, објавија англиските медиуми. Двата тима се договорија Сините да платат рекордни во Премиер лигата, 110 милиони фунти, колку што понуди и Ливерпул.

Вчера медиумите објавија дека понудата на Ливерпул била прифатена од страна на Брајтон, но неколку часа подоцна, Каиседо ги известил челниците на Црвените дека нема да се пресели на „Енфилд роуд“ бидејќи веќе ги имал договорено личните детали со Сините на кои им дал збор дека ќе потпише за нив.

Сега желбата ќе му се исполни на Каиседо и наскоро ќе стане играч на Челси, кој првиот меч во Премиер лигата ќе го игра утре токму против Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести