Тричасовна драма на „Вембли“ – Ливерпул ја казни глупоста на Тухел и го освои Лига купот на Англија

Ливерпул ја доби тричасовната драма на „Вембли“ и го победи Челзи со 11:10 на пенали во финалето во Лига купот на Англија.

Измената што ја направи Томса Тухел во 119-тата минута, кога го извади феноменалниот Менди и го стави Кепа да брани во пенал-серијата, се покажа погрешна.

Токму Кепа го промаши единствениот пенал од сите 22-ца изведувачи и Ливерпул го освои деветтиот рекорден пехар во Лига купот на Англија.

Во пенал-серијата за Ливерпул погодија: Милнер, Фабињо, Ван Дајк, Александер Арнолд, Салах, Жота, Ориги, Робертсон, Елиот, Конате и голманот Келехер.

Кај Челзи прецизни беа: Алонсо, Лукаку, Хаверц, Џејмс, Жоржињо, Рудигер, Канте, Вернер, Силва и Чалоба, а утна Кепа, со што пропадна можноста Челзи да го освои и третиот пехар во оваа сезона.

Во регуларниот дел имаше многу возбудувања, поништени голови на двете страни и прекрасни одбрани на голманите Менди и Келерер, а гол немаше ниту по двете продолженија од по 15 минути, па одлучуваше пенал-серијата.

 

- Оглас -

Најнови вести