Баерн Минхен и Челзи продолжуваат со преговорите околу можниот трансфер на Кристофер Нкунку, но исходот сè уште е неизвесен, пренесуваат германските медиуми.
Личните услови не се пречка, Французинот сака да се пресели во Минхен и веќе дал зелено светло за договор. Клучот останува во рацете на клубовите.
Челзи бара 40 милиони евра плус бонуси, а Баерн сè уште размислува дали ќе ја прифати таа цена.
Нкунку треба да биде замена за Кингсли Коман, кој потпиша за саудискиот клу Ал-Наср. Баерн Минхен исто така во поголем дел од сезоната ќе биде и без посериозно повредениот Џамал Мусијала.