6.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Челзи без Кол Палмер на дербито со Ливерпул

Менaџерот на Челзи, Енцо Мареска, потврди дека неговиот тим ќе биде без ѕвездата Кол Палмер за дерби натпреварот против Ливерпул на „Стемфорд бриџ“.

„Црвените“ од Мерсисајд се обидуваат да се вратат на победничкиот пат по првиот пораз сезонава против Кристал Палас минатиот викенд. Сепак, домаќините од Западен Лондон ќе бидат сериозно ослабени поради голем број повреди и суспензии.

„Кол сè уште е надвор од тимот“, изјави Мареска на прес-конференција. „Тревор Чалоба исто така е суспендиран. Имаме вкупно седум или осум играчи кои нема да можат да настапат на утрешниот натпревар.“

Мареска не даде конкретни информации за враќањето на Палмер.


„Во моментов немам никакви нови информации за него. Оваа недела ќе имаме средба за да видиме како е и тогаш ќе одлучиме дали може да се врати по интернационалната пауза.“

Дербито меѓу Челзи и Ливерпул е закажано за сабота во 18:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести