Лијам Делап е на чекор до преселба во Челзи. Трансферот е речиси комплетиран, а официјализацијата е само прашање на време.
Младиот напаѓач на Ипсвич веќе ја мина првата фаза од медицинските тестови, додека остатокот е закажан за денес. Тој ги прифатил условите и наскоро треба да потпише шестгодишен договор со Сините од Лондон.
Челзи не чекаше долго. Веднаш ја активира откупната клаузула од 30 милиони фунти, која стана важечка откако Ипсвич испадна од Премиер лигата. Делап, кој минатото лето дојде од Манчестер сити за 15 милиони, го избра Челзи пред Манчестер јунајтед, кој исто така покажа сериозен интерес.
Со 12 гола во својата прва сезона во елитата, Делап остави силен впечаток и сега е подготвен за нов предизвик во дресот на амбициозниот Челзи.