Рахим Стерлинг во новата сезона ќе го носи дресот на Челзи, откако беа исполнети сите услови за комплетирање на трансферот вреден 50 милиони евра. Англискиот репрезентативец на „Семфорд Бриџ“ пристигнува од тимот на Манчестер сити.
Според договорот, Стерлинг потпишува договор кој ќе го обврзе да остане во Челзи во следните пет сезони, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Chelsea sign Raheem Sterling from Manchester City in a $66M deal, per @FabrizioRomano
The first signing of the Todd Boehly era 🔵 pic.twitter.com/oh8w3AOyr9
— B/R Football (@brfootball) July 9, 2022
Стерлинг кој има 27 години е фудбалер кој започна во Ливерпул, а потоа за сити одигра 339 меча во кои постигна 131 погодок. Еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата може да се пофали со четири титули во Премиер лигата, три трофеи во Лига купот и еден ФА Куп. Сега со Челзи почнува нов предизвик за освојување нови пехари.
Ова за Челзи е прв трансфер во ерата на новиот газда Тод Боли, кој го превзема клубот од рускиот тајкун Роман Абрамович. Од Челзи се надеваат дека сите формалности околу договорот на Стерлинг ќе бидат навреме завршени за тој да се приклучи на екипата на турнејата во САД.
Raheem Sterling to Chelsea, here we go! Final approval arrived from Man City. £45m fee plus £10m add-ons. Personal terms agreed days ago, it was never an issue. It’s done 🚨🔵 #CFC
Contract until 2027 plus option for further year. Tuchel already had direct conversation with him. pic.twitter.com/tr15HUp2B1
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 9, 2022