Челзи и Милан се „столбовите“ на ова коло, велат типувачите на Спортската прогноза

Најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, е во тек со своето 23-то коло, а типувањето ќе трае до сабота во 14 часот.

Најголемо внимание од саботната програма привлекува дуелот на „Стемфорд бриџ“ меѓу Челзи и Њукасл. И двете екипи имаа настапи и во ЛШ, а се чини дека Сините од Лондон, барем според досегашните типувања на обложувачите, се многу поблиску до триумф.

Саботните двојки се Жирона – Атлетик Билбао, Сандерленд – Брајтон, Челзи – Њукасл, Овиедо – Валенсија и Анже – Ница.

Неделен предизвик ќе биде да се погоди исходот на натпреварите: Верона – Џенова, Мајорка – Еспањол, Пиза – Каљари, Сасуоло – Болоња, Фрајбург – Унион Берлин, Штутгарт – Лајпциг, Рен – Лил и Лацио – Милан. Вечерниот дуел меѓу Лацио и Милан, барем засега, „натежнува“ на страната на Росонерите.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.

- Оглас -

Најнови вести