Челзи го купи тинејџерот кој од Астон вила бараше плата од 100.000 фунти

Челзи го договори трансферот на 18-годишниот Карни Чуквуемека од Астон вила за високи 20 милиони фунти, од кои пет милиони ќе се исплатат во бонуси. Талентираниот играч за врска доби дозвола да ги изврши медицинските прегледи, по што веднаш ќе биде вметнат во сениорскиот тим и ќе се бори за минутажа кај Томас Тухел.

За надежниот Чуквуемека се интерсираа сите англиски гиганти, од Манчестер сити до Јунајтед и Ливерпул, но Сините сепак се истакнаа со најконкретна понуда.

Инаку Чуквуемека имаше шанса да го продолжи договорот со Астон вила, меѓутоа условуваше клубот да му даде важна улога во составот на Џерард и притоа да заработува огромна плата од 100.000 фунти неделно, што е незамисливо за 18-годишен фудбалер.

Во меѓувреме Челзи го официјализира ангажманот на 18-годишниот американски голман Габриел Слонина, кој за 15 милиони евра го напушти МЛС-тимот на Чикаго фајр.

- Оглас -

Најнови вести