Неизбрусен дијамант на Астон вила бара незамислива плата за да не потпише за европски гигант

Талентираниот играч за врска на Астон вила, Карни Чуквуемека, се обидува да изнуди незамислива плата како за 18-годишен недокажан фудбалер за да остане во клубот.

Неколку европски гиганти покажаа интерес за неизбрусениот дијамант на премиерлигашот, па сега Чуквуемека преку уцена сака да добие гаранции дека ќе има поголема улога во тимот на Стивен Џерард. Сумата која ја бара е 100.000 фунти на неделно ниво, што би го направило меѓу најплатените играчи во Астон вила.

Овој проблем настана по шпекулациите кои го поврзаа фудбалерот со Барселона, а наводно и Арсенал и Манчестер јунајтед чекаат во редот за преговори. Ситуацијата е непријатна, Астон вила не сака да го загуби својот производ, но ако веќе мора да го продаде ова лето, ќе бидат потребни 20 милиони фунти за се отпочне процес на трансфер.

Постои опција Астон вила тотално да извиси, со оглед на тоа дека актуелниот договор на талентот му важи уште една година. Ако не потпише нов договор или не биде продаден ова лето, Чуквуемека може да замине како слободен играч, а новиот клуб за кој би потпишал да исплати само 400.000 евра како тренинг-компензација.

Клубот засега не сака да му ја исполни желбата и да го преплати Чуквуемека, 100.000 фунти се премногу за фудбалер кој запиша само 12 настапи во Премиер лигата минатата сезона, главно како замена од клупата за резерви.

- Оглас -

Најнови вести