По серијата лоши вести изминативе денови кои ги добија навивачите на Челзи, тие конечно дочекаа и да се израдуваат на победа.
Нивните миленици славеа на гостувањето кај Норвич со 3:1 во меч од 30-тото коло во Премиер лигата. „Сините“ од Лондон со головите на Тревор Чалоба во третата и Мејсон Маунт во 14-тата минута си обезбедија удобна предност за остатокот од средбата.
Неизвесност внесе Темо Пуки, кој реализира пенал 69-тата минута, но последниот тим од лигата не успеа да се избори за позитивен резултат. Кај Хаверц со голот во 90-тата минута ги реши сите дилеми околу победникот.
Сè повеќе станува јасно дека Норвич ќе биде првиот тим што ќе испадне во Чемпионшип бидејќи е последен само со 17 бодови од 28 одиграни средби. За споредба, Евертон, кој е на 17-тото место има 22 бода и дури три натпревари помалку.
Челзи, пак, со оваа победа остана на третото место, сега со 56 бода.
ПРЕМИЕР ЛИГА
Норвич – Челзи 1:3
Саутемптон – Њукасл 1:2
Вулверхемптон – Ватфорд 4:0