Челзи им се приклучи на Манчестер сити и Саутхемптон во полуфиналето на ФА купот, а ждрепката за полуфиналните двојки ќе се изврши на полувремето од последниот четвртфинален дуел Лестер – Манчестер јунајтед. Полуфиналињата се на 17 и 18 април, а финалето на „Вембли“ е закажано за 15-ти мај.
Сините од Лондон попладнево со 2-0 го совладаа Шефилд јунајтед. Томас Тухел на своите први 14 меча како менаџер на Челзи не знае за пораз и тоа е најдобар старт за тренер на клубот. Тухел на терен извади комбиниран состав, со девет измени во однос на составот кој го победи Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Првиот гол беше всушност автогол на Норвуд, а на 2-0 зголеми Зијеш во 92-ра минута. Ова е несреќниот автогол на популарните Блејдси:
https://twitter.com/i/status/1373635026085117953