Актуелниот светски клупски шампион, Челзи, успеа да дојде до победа од 2-1 над актуелниот шампион на Англија, Ливерпул, и му овозможи на Арсенал да остане лидер на премиерлигашката табела.
Голот за победа на „сините“ беше дело на 18-годишниот Естевао во 96-тата минута.
Челзи дојде во водство на „Стемфорд Бриџ“ со голот на Моисес Каиседо во 14-тата минута.
Ливерпул израмни преку Коди Гакпо во 63-тата минута, но на крајот го доживеа и третиот пораз по ред, по оној првенствениот од Кристал палас и од Галатасарај во Лигата на шампионите.
„Стемфорд Бриџ“ и по пет години останува неосвоива тврдина за Ливерпул, со оглед на фактот дека последната победа на овој стадион ја остварија во 2020 година.

