18.8 C
Skopje
петок, 26 септември 2025

Челзи го загуби Кол Палмер за наредните три недели

Најдобриот стрелец на Челзи од минатата сезона, Кол Палмер, ќе биде надвор од терените околу три недели. Тоа значи дека тој нема да настапи до следната репрезентативна пауза на почетокот на октомври.

Палмер ќе ги пропушти натпреварите против Брајтон и Ливерпул во Премиер лигата, како и дуелот со Бенфика во Лигата на шампионите.

„Одлучивме малку да го заштитиме Кол за повредата да не се влоши. Му дадовме пауза од 2-3 недели до репрезентативната пауза, за потоа да може да се врати 100 проценти подготвен. Мислам дека нема да има потреба од операција“, објасни менаџерот на Челзи, Енцо Мареска.

Менаџерот додаде дека Тосин Адарабиојо и Весли Фофана исто така имаат повреди и ќе го пропуштат утрешниот натпревар против Брајтон. Голманот Роберт Санчес, пак, нема да игра бидејќи е суспендиран.

- Оглас -

Најнови вести