Челзи гостува во Астана, натпреварот ќе се игра на -20 степени целзиусови (Фото)

Фудбалерите на Челзи попладнево од 16:30 часот по македонско време имаат егзотично гостување во Конференциската лига против Астана во Казахстан. Со оглед на пласманот од минатата сезона, „сините“ од Лондон заслужено се најдоа во третото по ранг европско натпреварување, но она што е интересно за овој меч се временските услови во кои ќе се игра.

Според апликациите за временска прогноза, температурата во Астана во 16:30 часот ќе биде -8 степени целзиусови, но ќе се чувствува како да е ладно -18 степени, односно толку ќе биде температурата на воздухот.

Тоа е најава за неверојатно екстремни временски услови за играње, па токму затоа и тренерот на Челзи, Енцо Мареска, пред заминувањето за Казахстан најави дека 11-те фудбалери кои ќе играат денес, нема да бидат во комбинација за мечот од Премиер лигата во недела.

- Оглас -

Најнови вести