За интересно и ефикасно попладне во англиската Премиерлига, се погрижија неколку тима.
Челзи со 4-0 го прегази Барнли, а сите голови паднаа во второто полувреме, од кои три во првите 10 минути од второто полувреме.
Со истиот резултат победи и Астон Вила над Саутемптон. Меѓу стрелците беше и Кутињо, кој има дадено пет кола против Светците и тое се негова омилена премиерлигашка жртва. Ова е најубедлива премиерлигашка победа на Стивен Џерард како тренер.
Њукасл реди домашни победи како во времињата од пред 25-26 сезони, и со секој викенд, е се поблиску до опстанок. Овојпат Чавките го совладаа Брајтон со 2-1, и имаат серија од осум меча без пораз.
Брентфорд со 3-1 како гостин го победи Норвич, во првиот меч на Кристијан Ериксен како стартер, после враќањето на фудбалските терени. Два гола за Пчелите беа од пенал, но на Данецот не му беше дадена прилика да постигне гол.
Пеналите ги шутна и реализираше Иван Тони, кој претходно даде гол и од игра, па сега Брентфорд стана 40-тиот тим во историјата на Премиерлигата кој имал реализатор на хет-трик. Само десет тима никогаш немале играч кој дал три гола на премиерлигашки натпревар.
Инаку, 5-ти март е датум на кој биле постигнати најмногу хет-трикови во историјата на Премиерлигата, вкупно шест, сосе денешниот на Тони.