Оклахома останува на „максимум“, Јанис го врати Милвоки на победничките патеки (Видео)

Кошаркарите на Оклахома остануваат на максимален ефект со пет победи на пет меча на стартот од новата НБА-сезона. Тие славеа со 107-101 на домашен терен над Сакраменто и така останаа на делба на првата позиција во Западната конференција заедно со Сан Антонио.

Милвоки по поразот од Кливленд, им се врати на победите откако славеше со 121-111 на домашен терен над Њујорк. Најзаслужен за победата беше Јанис Адетокумбо со 37 поени, осум скока и седум асистенции.

Резултати:

Вашингтон – Филаделфија 134-139 (126-126)
Мајами – Шарлот 144-117
Милвоки – Њујорк 121-111
Оклахома – Сакраменто 107-101
Голден стејт – ЛА клиперс 98-79

- Оглас -

Најнови вести