Лондонскиот гигант Челзи е на чекор до испишување нова страница во фудбалската историја. По пласманот во полуфиналето на Конференциската лига, Сините имаат можност да станат првиот клуб кој освоил пет различни европски трофеи.
Во полуфиналето, Челзи ќе се соочи со шведскиот тим Ѓургарден, додека во другото полуфинале ќе играат Бетис и Фиорентина. Доколку лондонскиот клуб успее да го освои овој турнир, ќе стане и првиот клуб во светот со десет различни меѓународни трофеи.
Досега, Челзи двапати ја има освоено Лигата на шампионите (2012, 2021), двапати Лигата на Европа (2013, 2019), двапати Купот на победници на купови (1971, 1998), и исто така двапати Европскиот Суперкуп (1998, 2021). Дополнително, клубот од Лондон е и светски клупски шампион, титула која ја освои во 2022 година.
Овој можен нов успех ќе го потврди статусот на Челзи како еден од најтрофејните клубови на модерниот европски фудбал. И покрај предизвиците во домашното првенство, успехот на меѓународната сцена би бил огромно постигнување и поттик за клубот во иднина.
Полуфиналните натпревари од Конференциската лига ветуваат голема драма, а Челзи има јасна цел, да се впише во историјата како првиот клуб со пет различни европски трофеи.