Челзи се израдува на првата победа во Премиер лигата за 2022 година откако со 2:0 славеше над градскиот ривал Тотенхем. Ова беа важни три бода за тимот на Томас Тухел, кој имаше четири меча без триумф во домашното првенство, па затоа сега има двоцифрено заостанување во однос на лидерот на табелата, Манчестер сити.
Зијех и Силва погодија на почетокот на второто полувреме против Тотенхем и тоа беше доволно да се освојат трите бода. Оваа победа има и посебно значење. Челзи е првиот клуб од главниот град на Англија кој успеа да ја надмине границата од 500 бодови освоени во дуели со лондонски ривали.
Со трите бода против Тотенхем, Челзи сега има освоено 501 бод во премиерлигашки дуели против градски ривали. За да стигне до оваа магична бројка, на Челзи му беа доволни да одигра 272 меча, што значи дека освојува во просек по 1,84 поени на секое лондонско дерби.