Нова судиска и ВАР комедија во Англија – Челзи победи во дербито ама Тотенхем има за што да се жали (ВИДЕО)

Челзи го победи Тотенхем со , во големото дерби од 23-то коло во Премиер лигата а и на оваа средба, во центарот на вниманието беа главниот судија Пол Тирни како и луѓето во ВАР собата.

Во 40-та минута, Хари Кејн постигна гол за Тотенхем а истиот беше поништен поради фаул над Тијаго Силва.

Многумина сметаат дека и покрај тоа што имаше контакт, тој беше минимален а Силва на искуство падна на теренот, откако сфати дека е лошо позициониран.

Челзи во вториот дел истрча многу посмирено и со головите на Хаким Зијеч (49′) и токму Силва во 55-та минута дојде до недостижна предност.

Интересно е што Силва при обезбедувањето на позиција многу посилно ги користеше рацете против играчот на Тотенхем, но немаше интервенција од страна на судиите и ВАР.

Асистент на вториот гол, беше Мејсон Маунт, со што ова за него е 20 асистенција од сезоната 2019-20 што е највеќе во Премиер лигата.

Со оваа победа, Челзи дојде до бројката од 47 бодови и има само еден помалку од второпласираниот Ливерпул, додека ова за Тотенхем е прв пораз под водство на Антонио Конте во Премиер лигата, и со тоа останаа на делба на седмото место со 36 бодови.

- Оглас -

Најнови вести