26.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Челзи ја активира филијалата за да доведе нов напаѓач и да го „врзе“ на седум години

Англискиот премиерлигаш Челзи го договори трансферот на 22-годишниот напаѓач Емануел Емега од Стразбург. Според информациите на Фабрицио Романо, договорено е трансферот да се случи во 2026 година.

Лондонскиот клуб ги искористи своите врски со францускиот тим од првата лига, кој исто така припаѓа на групацијата „БлуКо“ на Тод Боели, за да го обезбеди доаѓањето на талентираниот напаѓач пред тој да го привлече вниманието на останатите клубови од Лига на шампиони и Премиер лигата.

Челзи постигна преддоговор според кој Емега ќе потпише седумгодишен договор на „Стемфорд Бриџ“ од следната година. Иако беше поврзуван со можен трансфер ова лето, Емега одлучи да остане во Стразбур и да го води тимот во европските натпреварувања. Според „Трансфермаркт“, неговата моментална вредност се проценува на 25 милиони евра.

Минатата сезона Емега постигна 14 голоци, а имаше и три асистенции во 27 настапи во Лига 1 во Франција. Дека е во одлична форма покажува и со игрите во новата сезона, каде Емега веќе има три голови и четири асистенции.

Емега има настапи за младинските категории на холандската репрезентација, а сега се очекува наскоро да дебитира и за сениорскиот состав на Лалињата.

- Оглас -

Најнови вести