Тимо Вернер сака да игра за Ливерпул, иако за Бикот од Лајпциг е сериозно заинтересиран и Челзи, па трката на двата конкуренти од Премиер лигата не е завршена, иако јасно е кој има предност.
Сезонава шпицот на Ред Бул Лајпциг игра неверојатно добро и на 36 меча постигна 27 гола и 12 асистенции. Предводен од Тимо, Лајпциг е во игра за титулата во Бундеслигата, а остана во трката и за европската круна откако во осминафиналето на Лигата на шампионите го елиминираа ланскиот финалист Тотенхем со две победи (1:0 и 3:0) и без примен гол.
Вернер има 24 години и има одличен ефект и во настапите за германската репрезентација. За популарниот „Елф“ одигра 29 меча и постигна 11 голови, па јасно е зошто за него има голем интерес од европските гиганти.