Челзи ќе има нова „десетка“, но и нова „деветка“

Челзи нема да доплати уште 18 милиони евра за продолжување на позајмицата на Гонзало Игуаин, ниту ќе го откупи неговиот договор од Јувентус како што првично беше договорено за сума од 35 милиони евра. Сините ќе го вратат Аргентинецот назад во Торино по финалето на Лигата на Европа бидејќи не ги оправда очекувањата.

Откако Игуаин пристигна во последниот ден од јануарскиот преоден рок во редовите на Челзи, настапи вкупно на 18 натпревари, од кои 14 се во Премиер лигата, каде што ги постигна сите пет погодоци во синиот дрес. За напаѓач кој ги навикна фудбалските љубители на многу поефикасен учинок, пет гола едноставно не се доволни.

Тоа значи дека Челзи за следната сезона ќе има нова „деветка“, засега не се знае кој ќе го земе малерозниот број. Како што тие го враќаат Игуаин, така Атлетико ќе им го врати Алваро Мората, а од позајмици се враќаат уште двајца напаѓачи, Тами Абрахам и Миши Батшуаји.

Што се однесува за бројот 10, има еден конкурент. Веќе е јасно дека Еден Азар ќе биде нов играч на Реал Мадрид, па повеќе простор за минутажа ќе има за младата сензација Калум Хадсон-Одои.

Во текот на зимскиот преоден рок пишувавме дека овој 18-годишен крилен офанзивец е желба на Баерн Минхен, но Челзи забрани преселба. Во вториот дел од сезоната добиваше многу повеќе шанси за настап од страна на Маурисио Сари, па сега Англичанецот ја смени одлуката и сака да остане на „Стемфорд бриџ“, но под еден услов.

За да се согласи на нов долгогодишен договор, Хадсон-Одои сака да ја преземе „десетката“ од Еден Азар, а со тоа клубот ќе покаже дека има доверба во ѕвездата во подем.

 

- Оглас -

Најнови вести