Крај на сагата: Азар во Реал по финалето во Лигата на Европа

Веќе нема дилеми, Еден Азар ќе биде новиот „галактикос“ на Реал Мадрид по завршувањето на оваа сезона. Како што тврди реномираниот француски медиум „Л‘eкип“, трансферот ќе се официјализира по финалето во Лигата на Европа, каде Челзи ќе се соочи со градскиот ривал Арсенал. Големиот транфер го најави шпанска „Марка“ пред повеќе од еден месец, а сега дефинитивно ова е крајот на долгогодишната сага.

Сумата на трансферот ќе изнесува 100 милиони евра, а Сините за возврат ќе го добијат Матео Ковачиќ. Хрватот оваа сезона играше на „Стемфорд бриџ“ како позајмен играч од редовите на Кралевите, но сега перманентно ќе ја задолжи сината опрема.

Самиот Азар вчера истакна дека клубот од Лондон ја знае неговата одлукано трпеливо го чека крајот на сезоната за да соопшти.

Белгиецот пристигна во Лондон во летото 2012 година од редовите на Лил за сума од 32 милиони фунти. Во седум сезони како играч на Челзи, Азар настапи на 351 натпревар постигнувајќи 108 гола и 91 асистенција, а освои пет трофеи меѓу кои најважи се двете титули во Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести