Англискиот гигант Челзи покажува сериозен интерес за напаѓачот на Болоња, Сантијаго Кастро, и веќе испратил скаути да ги следат неговите настапи. Младиот аргентински репрезентативец до 20 години остави силен впечаток со своите игри под водство на тренерот Винченцо Италијано во изминатата година, што го привлече вниманието на лондонскиот клуб.
Според италијанските медиуми, Челзи внимателно го следи развојот на Кастро во тековната сезона со намера да го донесе на „Стемфорд Бриџ“ следната година.
Посредниците кои соработуваат со Болоња ја проценуваат вредноста на младиот напаѓач меѓу 50 и 70 милиони евра. И покрај високата трансферна сума, неговата плата е скромна — само 50.000 евра годишно.
Кастро се приклучи на италијанскиот клуб минатата година, доаѓајќи од аргентинскиот Велес Сарсфилд. Досега има постигнато 12 голови и 10 асистенции во 61 натпревар за тимот на Болоња.