Екипата на Челзи славеше со 3:0 против Лутон, во првиот меч од третото коло во Премиер лигата. За Челзи ова беше прв триумф во новата сезона, а и прва победа по шест лигашки дуели (вклучувајќи ги и последните четири од минатата сезона), во кои немаа победа.
Рахим Стерлинг е херојот на Челзи, постигнувајќи два гола. Англискиот репрезентативец прво погоди во 17 минута за 1:0, резултат кој беше по првиот дел. Надежта на Лутон беше до 68 минута, кога на сцена повторно стапи Стерлинг и со својот втор погодок ја удвои предноста на домаќините.
Триумфот на Челзи беше потврден со голот на Николас Џексон во 75 минута. Лутон по овој пораз останува на последното место на табелата во Премиер лигата.