Голманот на Реал Мадрид, Андриј Лунин, би можел да направи трансфер во Челзи, пишуваат некои шпански новинари.
Ако тоа се случи, веројатно Кепа Аризабалага кој уште е член на Сините од Лондон, ќе остане во Реал како резерва на Тибо Куртоа. Украинскиот голман Лунин беше стартер на Кралевите во поголем дел од минатата сезона, но по враќањето од тешката повреда на Куртоа, Лунин нема гаранции дека ќе игра редовно следната сезона и сака трансфер.
Договорот на Лунин со Реал Мадрид е до следното лето. Кепа Аризабалага има понуда од Саудиска Арабија, но чека расплет со Лунин во Мадрид, пред да донесе одлука.
Голот на Челзи минатата сезона го бранеа Ѓорѓе Петровиќ и Роберт Санчес.