18.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Челзи навива за Реал да ја освои титулата во Шпанија

Реал Мадрид во четврток може да биде крунисан за нов првак на Шпанија доколку оствари триумф во дуелот против Вилјареал. Кралевите се на три бода од рекордна 34-та титула во Ла Лига, а за да се случи тоа навиваат и во Лондон.

Имено, Челзи ќе заработи до 20 милиони евра како бонус од трансферот на Еден Азар доколку составот на Зидан ја освои титулата. Реал веќе се пласира во Лигата на шампионите за следната сезона, тоа се дополнителни 15 милиони евра за Сините како уште една клаузула вклучена во трансферот на белгиската ѕвезда.

Дополнителни 35 милиони евра на веќе заработените 100 милиони евра од продажбата на Азар добро ќе му легнат на Челзи, со оглед на тоа дека на „Стемфрод бриџ“ се троши на големо и ќе се троши допрва за нови играчи.

- Оглас -

Најнови вести