Фудбалерите на Челзи се подготвуваат за завршната битка за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, но и за финалето од Конференциската лига, а за тоа време раководството на клубот веќе размислува за засилувања за следната сезона.
Голема желба на Енцо Мареска е напаѓачот на Брајтон, Жоао Педро, кој оваа сезона постигна 10 гола и имаше седум асистенции, а планот е да го има во ростерот за Светското клупско првенство во САД.
Екипите кои ќе настапуваат на клупскиот Мундијал добија специјален преоден рок од ФИФА, кој ќе трае од први до десетти јуни, па Бразилецот веднаш ќе има право за настап.
Сепак, за такво нешто ќе треба да се договорат Челзи и Брајтон, а Сините нудат дури 60 милиони евра за да го добијат 23-годишниот напаѓач веднаш.