Челзи по грешка го потврди трансферот на Ковачиќ пред официјалното претставување

Задолжените луѓе кои ја водат официјалната веб-страница на Челзи направија голема грешка. На сајтот се објави интервју со Матео Ковачиќ во кое во воведот пишува „откако ја осигура перманентната преселба во Челзи по едногодишната позајмица од Реал Мадрид…“ иако трансферот на Хрватот сè уште не е официјализиран. Интервјуто во ист момент беше тргнато од веб-страницата, но „ловците на киксови“ од социјалните мрежи успеаја да се сеирчат со грешката на лондонскиот клуб.

Пред неколку дена објавивме дека Челзи и Реал Мадрид постигнаа договор за Ковачиќ, Хрватот ќе остане на „Стемфорд бриџ“ за сума од 45 милиони фунти.

Грешката на веб-страницата е повеќе од потврда дека Ковачиќ ќе биде член на Сините и во наредните неколку години, што значи дека наскоро овој ангажан ќе биде официјализиран.

- Оглас -

Најнови вести