Челзи и Реал се договорија околу Ковачиќ – Хрватот останува на Островот

Реал Мадрид ја прифати понудата од 45 милиони фунти на Челзи за услугите на Матео Ковачиќ. Хрватот изминатава сезона играше како позајмен фудбалер од редовите на Кралскиот клуб, а откако двете страни се договорија сè поизвесно е дека Ковачиќ и во следните неколку години ќе игра на Островот. Останува само клубот да ги договори условите со Хрватот за да го официјализира трансферот.

Иако Челзи засега не е во можност да купува играчи бидејќи доби забрана за транфери во следниоте два преодни рокови, Ковачиќ формално е регистриран како нивен играч до 30 јуни, што значи дека можат да го откупи неговиот договор од Реал, но за да го остварат ангажманот ќе треба да ја завршат целата работа во рок од три дена.

Изминатава сезона настапи на вкупно 51 меча во сите натпреварувања, а Ковачиќ е еден од ретките, можеби и единствен фудбалер кој може да се пофали со освоени четири последователни европски титули – Три по ред освои со Реал во Лигата на шампионите, а се закити и со трофејот од Лигата на Европа по победата над Арсенал со 4-1 во финалето кое се одигра во Баку.

- Оглас -

Најнови вести