Челзи најавува дека ќе биде активен во летниот преоден рок, а според најавите, една од главните цели е да го доведе Џејми Гитенс од Борусија Дортмунд. Според англиските медиуми, лондонскиот тим е подготвен да плати 60 милиони евра за да го доведе 20-годишниот напаѓач на „Стемфорд бриџ“.
Гитенс во младинските категории има играно за Ридинг, Челзи и Манчестер сити, а потоа како слободен играч потпиша договор со Борусија Дортмунд со важност до јуни 2028 година.
Во сезоната којашто измина, Гитенс одигра одлични и постигна осум гола во Бундеслигата, плус четири погодоци во Лигата на шампионите. Со 12 погодоци во 48 меча во сите натпреварувања, Гитенс има поголем број погодоци од Родриго (Реал Мадрид), Гарначо (Манчестер ј.) и Нико Вилијамс (Атлетик Б.). Со 12 погодоци сезоната ја заврши ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, што доволно зборува за каков талент се работи кога се зборува за Гитенс од Борусија Дортмунд.
Гитенс има играно за младинските категории на Англија, но уште нема дебитирано во сениорскиот состав на Гордиот Албион.