Челзи претерал – неверојатни 150 пати ги прекршил правилата за трансфери

Во последните десет години, лондонскиот Челзи дури 150 пати ги прекршил правилата за трансфери на 69 различни играчи од Академијата. Затоа и „сините“ беа казнети од ФИФА со забрана за купување играчи летово и во јануарскиот преоден рок.

Во април клубот се жалеше со објаснување дека биле казнети и поради нерегистрирани играчи, но еден од нив бил фудбалер кој за три години имал 75 настапи за младинските категории на Челзи.

Мечевите на академиите не се турнири под закрила на националните здруженија, но и овој аргумент не беше убедлив. ФИФА ја потврди забраната за трансфери и паричната казна од 600.000 швајцарски франци.

Челзи летоска не купи играчи, но во првиот тим вметна млади играчи и засега добро им оди.

- Оглас -

Најнови вести