24.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Челзи прими гол во 90+3 минута и не победи кај Брентфорд (Видео)

Челзи пропушти шанса да се најде на чело во англиската Премиер лига откако одигра само 2:2 на гости кај Брентфорд, во меч од четвртото коло. Челзи ја имаше фаворитската улога, но Брентфорд прв погоди и тоа преку Шаде во 35 минута.

Дури четири измени направи Челзи во второто полувреме, па гостите беа многу поопасни, а тоа го наградија со погодоците на Палмер во 61 минута и на каиседо во 85 минута.

Делуваше дека Челзи ќе победи, но домаќините не се предадоа и во 90+3 минута стигнаа до 2:2 благодарение на голот на Карвахањо.

- Оглас -

Најнови вести