Челзи шампион иако не е прв на табелата, Ливерпул оди во втора лига!

Челзи е шампион на Англија, а Ливерпул испаѓа во втоора лига. Ова можеби ви звучи како научна фантастика, но во женскиот фудбал на Островот, ова е реалност.

Фудбалската асоцијација одлучи женската Суперлига во Англија да заврши прерано, и сезоната да не се доигра на терен како во машкиот фудбал и Премиерлигата. Екипата на Челзи е прогласена за шампион, но интересно е дека Сините не беа први на табелата во моментот на прекин на сезоната во март.

Челзи беше втор, со еден бод помалку од Манчестер сити, но лондонскиот тим имаше и еден меч помалку, па според пресметката на просечниот број на освоени бодови по меч, испадна дека Челзи е поуспешен. За Сити останува утехата дека и тие ќе играат во Лигата на шампионите за жени.

Последното место на табелата го држи Ливерпул, па девојките на Црвените се селат во Чемпионшип, а на нивно место во елитата влегува Астон Вила.

- Оглас -

Најнови вести