Семењо: Хаусен само што дојде во Борнмут, ни кажа дека наредната сезона ќе оди во Реал

Фудбалерот на Манчестер сити, Антоан Семењо, раскажа една анегдота од времето кога играше во Борнмут. Во летото 2024 година, кога Шпанецот Дин Хаусен преминал од Јувентус во Борнмут, на своите соиграчи им рекол дека само една сезона ќе биде со нив, а потоа ќе оди во Реал Мадрид.

Тоа се обвистини, Хаусен во летото 2025 потпиша за Кралскиот клуб и Семењо му честитал, иако првиот пат кога Хаусен говорел дека ќе оди во Реал, не го сфатил сериозно.

„Кога Хаусен потпиша за Борнмут, тој ни рече: Следната година ќе потпишам за Реал Мадрид. И навистина, тој потпиша за Реал Мадрид следното лето и јас си помислив: „Вау, тоа е одлично!. А, првиот пат кога спомна, му реков: Што зборуваш, треба се изградиш во Премиер лигата, тоа не е за тебе. Но, тој повтори, ќе одам во Реал следното лето. Кога Дин навистина лани почна да преговара со Реал, си реков: Ова е лудо“, раскажува Семењо. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести