Челзи е освојувач на Конференциската лига за сезоната 2024/2025. Лондонските Сини со пресврт дојдоа до победа од 4-1 во финалето против Бетис.
За шпанските клубови ова е прво загубено финале од странски клуб после 24 години. Бетис водеше до 65-та минута, но се распадна откако прими гол за 1-1, а пет минути подоцна и за 1-2. Санчо откако влезе во игра, од својот прв шут погоди за 3-1, додека точка стави Каиседо во судиското продолжение.
Челзи стана прв клуб кој освоил четири различни клупски натпреварувања на УЕФА: Лигата на шампионите, Купот на победниците на куповите, Лига Европа и Конференциска лига.
За Сините ова е прв трофеј од 2021 година, а тренерот Енцо Мареска може да се пофали дека освоил нешто во својата дебитантска сезона на клупата на Челзи.