Лош викенд – Челзи во два дена загуби две финалиња без постигнат гол, трета среќа ќе бара во Порто

Женската екипа на Челзи вечерва претрпе вистинска катастрофа од 0:4 против Барселона во финалето во Лигата на шампионите, а клубот од Лондон го загуби и второто финале сезонава.

Вчера Лестер го победи машкиот тим на Челзи со 1:0 во финалето на ФА купот, па викендот е лош за фудбалското семејство од Лондон.

Фудбалерките на Барселона и буквално го демолираа противникот во финалето во ЛШ, што се одигра вечерва во Гетеборг.

Сите четири гола новите европски шампионки ги постигнаа во првото полувреме, па приказната на „Улеви“ заврши само по 36 минути игра.

Почетокот за лондонскиот клуб беше катастрофален, со автогол во 32-рата секунда, што е и најбрз гол во финалињата во ЛШ во женска конкуренција.

Потоа новите европски шампионки постигнаа уште три гола до 36-тата минута и ја донесоа титулата во Барселона.

Челзи има и трета шанса за значаен трофеј сезонава, а трета среќа ќе бара во Порто, во машкото финале во Лигата на шампионите против Манчестер сити.

Англиското финале за пехарот во ЛШ ќе се игра на „Драгао“, на 29 мај.

 

- Оглас -

Најнови вести