Черчесов не би ги избричил мустаќите ниту ако Русија стане европски првак

Станислав Черчесов, селекторот на руската фудбалска репрезентација, нема да ги избричи мустаќите, кои се негов заштитен знак, дури и ако Русите станат европски шампиони наредната година. Черчесов гледа долгорочно и кажа зошто не би останал без мустаќите.

„Нема да се избричам бидејќи две години подоцна има Светско првенство. Како да одам на Мундијал без мустаќи?“, рече Черчесов.

Черчесов со Русија стигна до четврт-финалето на СП минатата година, кога неговата земја беше домаќин.

- Оглас -

Најнови вести