Черчесов: Одамна не сум ја гледал Македонија, не можам да дадам конкретна оценка

Селекторот на фудбалската репрезентација на Казахстан, Станислав Черчесов, по ждрепката за квалификацискиот циклус за СП 2026 година, во која неговиот тим се падна со Белгија, Велс, Македонија и Лихтенштајн, даде прво мислење за ривалите.

„Репрезентацијата на Белгија ми е добро позната, со оваа селекција веќе се сретнав во квалификации и на Европско првенство. Сега тие се во фаза на реструктуирање и смена на генерации. Што се однесува до Велс и Македонија, одамна ги немам видено на дело, така што сè уште не можам да дадам конкретна оценка за нив. Од петтиот шешир го добивме Лихтенштајн, сепак секој противник мора да се почитува и  внимателно да се проучува. Нема да давам прогнози, најважно е да се подготвиме добро“, изјави некогашниот руски селектор и репрезентативен голман.

Селекторот на Велс, некогашниот играч на Ливерпул, Њукасл, Манчестер сити и други премиерлигаши Крег Белами, беше задоволен. Тој има играно против Македонија во 2013 година.

„Среќен сум што сме во група со пет тима, квалификациите ќе течат многу брзо, и тоа е она што го сакав. Имавме добра ждрепка. Чувствувам дека ова е група во која можеме да победуваме. Да се ​​добие Белгија е одлично, живеев во Брисел три години, така што е убаво. Тоа е тим кој многу добро го познавам, тим кој го гледав доста, особено во последните пет, шест години. Македонија е поинаков предизвик, сме биле таму, ги взнаеме, а Казахстан никогаш не сме го извлекле, така што патувањето и она што ќе го носи ќе бидат многу различни“, изјави Белами.

- Оглас -

Најнови вести