Лино Червар има сериозни главоболки пред клучниот меч на Хрватска за пласман во четвртфиналето, денеска во 18 часот против Аргентина.
Лука Циндриќ е повреден и според прогнозите нема да може да игра до евентуалното финале, ако популарните Каубои стасаат дотаму на Мундијалот.
Нов проблем во хрватскиот табор е стомачмниот вирус, а најлошо минаа Домагој Дувњак и Иван Мартиновиќ, двајцата бекови на еден од фаворитите за медали.
И нивниот настап ќе биде неизвесен до последен момент на меч на кој ако победи Хрватска ќе биде сигурен четвртфиналист во Египет.
И останатите играчи се пожалија на вирусот, но имаат многу помали проблеми и ќе бидат подготвени за мегдан со Аргентина.
„Ги респектираме Аргентинците, кои постојано напредуваат. Имаме и проблеми, но ако одиграме како на претходните два меча ќе играме во четвртфиналето. Тоа би бил успех, бидејќи не е мала работа да се пласирате меѓу осумтте најдобри селекции на светот“, изјави Червар.