Червар: Македонија ќе има повеќе навивачи од Хрватска во Минхен

Македонската ракометна експедиција денеска тргна кон Минхен, каде што ќе биде дел од Светското првенство. Првиот меч на Македонија е задутре, против Јапонија, а потоа следуваат дуели и против Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд. Првопласираните три селекции ќе продолжат во следната фаза.

Хрватскиот стратег Лино Червар, кој седеше и на селекторското место на Македонија, знае дека еден од главните адути на „црвено-жолтите“ ќе биде публиката. Червар направи мини анализа на групата која сите мечеви ќе ги игра во Минхен.

„Европскиот првак Шпанија е во нашата група, но имаме и противници како што се Бахреин и Јапонија. Мора да внимаваме на сите, а посебно Јапонија може да направи проблем. Македонија ќе има повеќе навивачи од нас и ќе биде мотивирана. Сепак, прво треба да мислиме на дуелот со Исланд, а знаеме дека ќе биде тешко“, рече Червар, чија селекција, исто како и Македонија, денеска замина за Минхен.

 

- Оглас -

Најнови вести