Вембањама доминираше, Сан Антонио на гости го победи најдобриот тим на Истокот (Видео)

Центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, блесна на гостувањето кај Детроит и беше вистински лидер во новата победа, овојпат од 114:103. Овој дуел беше голем предизвик за Сан Антонио бидејќи гостуваше кај најдобриот тим во Источната конференција, но успеа да слави и да ја продолжи низата од девет победи по ред.

Вембањама постигна 21 поени, имаше 17 скока, а подели и шест блокади. Интересно е дека до овој меч, Вембањама никогаш немал блокада на кошаркар на Деторит (беше единствен тим во лигата), а овојпат буквално ги избрка од кошот на Сан Антонио. Французинот, кој е висок 224-сантиметри доминира со блокадите во НБА. Уште во првата сезона имаше просек од 3,6 блокади по меч, а следната сезона тој просек беше зголемен на 3,8. Сезонава има просек од 2,6 блокади по меч.

Со оваа победа Спарси стигнаа до скор од 41 победа и само 16 порази, што е втор најдобар биланс на Западната конференција.

Во останатите два меча кои се играа во НБА-лигата, Сакраменто на гости славеше против Мемфис со 123:114, додека честа на домаќините ја спаси Хјустон рокитс, кој со 125:105 ја победи Јута џез.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести